Иако при купување нови зимски парчиња, обично се фокусираме на облеката, старото правило е дека деталите се оние што ја прават целосната слика и ја поставуваат облеката на сосема ново ниво. Овој пат, нашето внимание го украдоа беретките, оние популарно наречени француски беретки.
Беретката е прекрасен моден додаток за секоја комбинација, а причината зошто лежи во фактот што токму овој детал го прави одлична „алатка“ за создавање на различни и специјални стајлинзи. Имено, можете да носите француска беретка во комбинација со женствени, елегантни и рафинирани аутфити, но и оние повеќе откачени кои ќе ја нагласат комбинацијата на некомпатибилното. Исто така, многу е важно да изберете боја што е сосема произволна, но ви предлагаме да се држите до неутрални или светли тонови. Освен што изгледа одлично, беретката е тука и за во „лошиот ден на косата“ затоа што ќе ја поправи и најлошата фризура и ќе постигне интересен визуелен впечаток на едноставен и впечатлив начин.