Dior тргна во носталгична авантура за да ја создаде својата кампања resort 2021 година …
Фотографирани од Лена Луис, моделите Селена Форест, Мети Фол, Мариел Ушида, Сора Чои и Чаи Максимус, нè воодушевуваат на овие бајковити слики. Креативната директорка на брендот, Марија Грација Кјури, беше инспирирана од италијанскиот град Пуља, претставувајќи ни лесни фустани, кожни корсети и блузи со висок врат.
Покрај печатената кампања, дел од приказната е и краткиот филм, снимен во Лече, заедно со настапот на Ла Пицица Тарантата.