Ако претходно мислевте дека малите детали кои го креваат амбиентот на просторот на повисоко ниво, не се потребни, сигурни сме дека сега за време на вонредната состојба која ја најде целата планета, се премисливте. Престојот во простор кој не е убав, пријатен, удобен и стилски украсен, по одредено време, едноставно станува неподнослив.
Ќе признаете, вашето расположение веднаш се менува на подобро кога ќе видите некое парче што ви е драго и убаво, без разлика дали станува збор за уметничка слика, скулптура, украсна фигура или некоја сосема друга ситница, чија вредност ви е позната само на вас.
Гучи штотуку ja претстави комплетно новатa колекција на аксесоари, која содржи сè – од кутии за ситници, до прекрасни миризливи свеќи, чии ароми можат да ве пренесат во еден сосема поинаков универзум, каде што вирусот корона можеби и не постои, па макар и на десет минути.