Rojkind Arquitectos, заедно со Amasa Estudio претставија слики од нивниот тековен проект „Ummara“, сместен долж винската рута на мексиканската долина ˝De Guadalupe“…
Проектот се карактеризира со разбирање на вредноста на природата и нејзината историска употреба како прибежиште и скривалиште, овозможувајќи му на посетителот повторно да се поврзе со околината и со самиот себе.
Проектот е дизајниран за оние кои сакаат да го прифатат природниот контекст, да откријат извонредни места, да ја слават регионалната храна и да најдат рамнотежа во елементите.
Просторите се дизајнирани да нудат приватност и регенеративен одмор во контакт со планината која нуди авантура, спокој и мудрост за поврзување со природата и слободата.
Над густата вегетација е централниот ресторан на одморалиштето што го зафаќа централниот двор и овозможува да уживате во уникатното искуство и поврзување со сетилата, вашитето внатршно јас и со другите.