Рамниот стомак воопшто не е лесна задача, но тоа не значи дека совршените стомачни мускули се невозможни.
Најдовме на ЈуТјуб 10-минутен тренинг што ја стимулира работата на сите стомачни мускули, а тоа можете да го направите дома и без опрема.
Овој тренинг е прилагоден да го обликува вашето тело, со акцент на стомакот, што е најголем проблем за повеќето жени. Тренингот се состои од 10 вежби што ги правите 45 секунди. По секоја вежба следува пауза од 15 секунди.
Ако ги правите овие вежби секој ден, резултатот е неизбежен. Погледнете како изгледа 10-минутно вежбање за совршен стомак.