Парче облека кое некогаш беше резервирано исклучиво за тренинг и лежерни дружења, а со текот на времето стана неизоставен дел од гардеробата на секоја жена.
Освен сестраноста која овозможува комбинации со секојдневни артикли, дуксерите се омилени и поради удобноста што ја даваат.
Оваа есен, ќе ги носиме во комбинација со фармерки, хеланки за лежерен аутфит, но и во помалку неочекувана комбинација со поелегантни артикли на облека како што се плисирано миди здолниште, кожно здолниште или класично одело за модерна и шик комбинација.