Најдинамична ревија на Париската модна недела
Обично се очекува многу од ревијата која ја затвора модната недела, а Изабел Марант дефинитивно успеа во тоа: настанот започна со одличен танцов перформанс, кој непречено се слеа во модна ревија.
Колекцијата пролет-лето 2021 на Изабел Марант беше разиграна и убава – сите видови нијанси на розови украси во форма на срце и блескави силуети го нагласија ова расположение.
Многу париски шик: заштитен знак – широки рамена, висок струк и кратката должина, совршено го пренесоа современиот француски стил.