Ако некогаш сте биле вклучени во креирање на содржина за некоја платформа за социјално вмрежување, тогаш сигурно знаете дека чудните работи можат да привлечат огромна публика …
Популарноста на YouTube сајтот зависи од повеќе фактори, социјална интеракција, содржина, нови идеи и слично.
Таму е актуелен Натаниел “Coyote” Петерсон, познат и како King of Sting. Како што сугерира неговото име, Петерсон заработува милиони долари дозволувајќи им на најопасните инсекти на светот да го гризнат. Опасните инсекти се движат од мравки до ултра смртоносниот стршлен Polistes carnifex.
Можеби ви изгледа чудно едно лице да го избере ова како своја професија, но неговиот канал Brave Wilderness на YouTube платформата има повеќе од 3,6 милијарди прегледи, што докажува дека дефинитивно има пазар за секого. На некои од неговите снимки, Петерсон се грчи од болка, се дере на цел глас и потоа ја покажува раната и изобличените екстремитети под влијание на отровот од разни инсекти.
Од 2014 година, Петерсон направи кариера од оваа приказна, а сега има повеќе од 17,5 милиони следбеници. Се проценува дека тој заработува 294 000 УСД месечно од рекламирање преку Интернет, додека неговите најпопуларни видеа се прегледани повеќе од 57 милиони пати. Ако сте преосетливи или се плашите од инсекти, препорачуваме да се држите настрана од овој канал.