Колекцијата Louis Vuitton Objet Nomades штотуку доби ново издание – елегантен двосед дизајниран од Andre Fu …
Со заводливи линии и прекрасни облини, ова ново парче претставува архитектонско херојство и луксуз што е главната карактеристика на сите производи на Louis Vuitton. Наречено Ribbon Dance, најновото парче на Louis Vuitton е инспирирано од движење на лента. Содржи две седишта, кои како да лебдат меѓу дрвените елементи, украсени со врвна кожа на Louis Vuitton.Ова прекрасно ремек-дело е поставено со сива ткаенина, додека целосно е создадено во Италија од стручните мајстори на Louis Vuitton.
Како и другите парчиња од оваа колекција инспирирани од патувањата, и овој двосед е ода на креативноста, убавината на фините материјали, врвната изработка, внимание кон деталите и неограничените можности.
Како елегантен додаток на секоја дневна соба, Ribbon Dance дефинитивно ќе стане must-have на сезонава. Цената на овој новитет е 65.000 долари.
Погледнете уште две парчиња од истата колекција на Louis Vuitton Objet Nomades