Диор ја претстави новата колекција пролет / лето 2021 година како дел од Париската модна недела.
Диор и нејзината креативна директорка Марија Грација Кјури ја претставија колекцијата за пролет / лето 2021 година. Од Jardin des Tuileries во Париз, тие ја пренесуваа модната ревија во живо преку каналите за комуникација на куќата. Местото на модната писта беше украсено со дела на италијанската визуелна уметница Луција Маркучи, кои потсетуваат на витражи во катедралите.
Проsирни фустани, романтични везени детали на кошулите и макси плетени фустани или комбинезони кои потсетуваат на везови, сино-сини парчиња, фустани и долги палта, силни бохо елементи, ја поддржуваат очигледна намера на дизајнерката да ја истакне грациозноста на природната, глобална убавина и мирната моќ која ја крие женската природа.
Погледнете ја целосната презентација на колекцијата во видеото од каналот Јутјуб на Диор.