Сега, кога сме во есенскиот период од годината, дефинитивно треба да ги оставиме летните фустани длабоко во плакарот и да се свртиме кон малку потопли варијанти.
Есента сака земјени бои, сите нијанси на кафеава, црвена и беж боја, но сепак и бојата од која никогаш не се откажуваме, дефинитивно црната. Како што споменавме, црната е безвременска класика која не познава трендови, но нема време од годината кога и не ја носиме. Следните постудени денови се совршен момент да си играте со оваа боја и да им дадете на слоевитите и интересни комбинации минималистичка динамика која освојува сè пред вас без никакво размислување.
‘All black’ комбинациите се совршени за смели жени кои сакаат елеганција и суптилна доминација, тие се силни и бестрашни и верни љубители на елегантен стил. Црната има моќ да ја направи секоја облека неколку чекори попосебна и поинтересна, додека останува потполно верна на нејзината смиреност и суптилност.
Споделуваме со вас неколку интересни ‘All black’ комбинации како инспирација.