Земајќи ја предвид потребата на луѓето за елегантни, футуристички и практични парчиња мебел, брендот Thony Collection нè запозна со ултра луксузен кревет …
Она што го прави овој кревет различен од сите други е фактот дека тој ротира за 360 степени, нудејќи максимална удобност за време на спиењето.
Надворешната обвивка на овој кревет има вграден прстен од светлина што создава прекрасна атмосфера во спалната соба.
Создаден како дело на дизајнерот Гантер Тони од Лихтенштајн, овој кревет е суптилен и модерен во исто време. Префинетата и јасна елегантна форма им дава на корисниците можност, благодарение на неговиот ротирачки механизам, да се свртат во која било насока – кон ТВ-екранот, прозорецот или sидот.