Во склоп на Европската Недела на Спортот, која трае од 23ти до 30ти септември, за прв пат годинава во нашата држава се оддржува и “Национален Фитнес Ден” на 24ти септември, “празник” на фитнесот кој се оддржува во повеќе европски градови.
Целта на овој настан е потенцирањењето за важноста на физичката активност и водењето на здрав животен стил, кое е од исклучителна важност за создавање на здраво општество.
Овој четврток, ќе се оддржат повеќе од 100 настани низ целата држава. Нешто кое е доказ дека здруженијата, малите компании и голем број индивидуалци се полни со ентузијазам за организирање на настани кои допринесуваат кон здравјето и благосостојбата на сите граѓани.
Главните амбасадори на овогодинешниот “Национален Фитнес Ден” се:
Организаторите на Националниот Фитнес ден склучија партнерство со голем број на фитнес студија, организации и индивидуалци кои самостојно организираат настани кој е во духот на физичката активност, односно овој ден. Сите имаат заедничка цел – да активираат што е можно повеќе индивидуи кои моментално не се активни, да го имплементираат тоа во своето секојдневие и распоред.
Главните амбасадори креираа и свои настани за кои се очекува да бидат навистина интересни!
Јовановски Марио организира настан во кој ќе има 2 предизвици за учесниците, кој ќе се оддржи во Skopje City Mall. Повеќе за овој настан може да прочитате подоле.