Италијанскиот луксузен моден бренд, Bottega Veneta, ја претстави својата колекција на машка облека resort 2021.
Во нивната најнова линија, можеме да видиме мешавина од класични дизајни и модерни освежувања. Неколку работи особено може да се издвојат во новите креации на Даниел Ли, бидејќи стиловите прифаќаат лежерен, волуминозен изглед, во комбинација со ставот на крајните 90-тите и почетоците на 2000-те години..
Носталгичната енергија одекнува со задолжителни јакни и панталони, кои ги истакнуваат пропорциите и конструкцијата.
Мажот Bottega Veneta, совладува удобен, но сепак модерен изглед, што несомнено ќе им се допадне на припадниците на помладата генерација, но и на многу постарите, кои подеднакво ги ценат удобноста и дизајнот.
Употребата на различни тонови и комбинации на материјали и дава карактер на целата колекција.