Удобни, пространи и едноставно совршени: ви ги претставуваме најмодерните ранци во новата сезона!
Без разлика дали се подготвувате да се вратите на училиште или на работа, мала промена на практичност, добро ќе ви дојде.
Она што ви треба во моментов е нов ранец. Меѓу квалитетите што мора да ги поседува по секоја цена е – да е доволно голем, за да не мора дома да оставате сè што ви е потребно. Секако, треба да е супер модерен за да му дадете посебен шмек на вашиот изглед.
Од шарени модели за оние кои не се плашат да се осмелат, рафинирани за оние кои бараат нешто класично и формално, сè до „помодерни“ варијанти кои ќе ги освојат срцата на жените кои го сакаат новиот тренд.