Летните денови бараат лесна храна што ќе нè задоволи и нема да го оптеретува желудникот.
Во исто време, најважно е да се добијат доволно витамини и колку е можно повеќе течности, а бидејќи ова е сезона која е полна со свежо овошје и зеленчук, оброците што ги содржат токму овие намирници се идеални.
Салата со смокви, сезонско овошје, моцарела и пршута
неколку парчиња пршута
6 смокви, исечени на четвртини
2 листа од зелена салата и малку рукола
парче диња, исечено на коцки
неколку малини и капини
100 гр моцарела
пињоли, по вкус
маслиново масло и сок од лимон
Во длабок сад, комбинирајте ги сите состојки, зачинете со сок од лимон и маслиново масло. Кога ја сервирате салатата во чинија, на крај додадете ги парчињата пршута.