Алесандро Сартори ја истражуваше врската помеѓу природата и машините, гледајќи од своја перспектива, за колекцијата „ Ermenegildo Zegna“ пролет / лето 2021 година…
Претставена на самата крстосницата на дигиталните и искуствата во живо, новата колекција на машка мода се совпаѓа со 110-годишнината од овој бренд. Враќајќи се на своите корени, кон фабриките за текстил, темата за оваа сезона е совршено релевантна.
Трансоформирајќи ги суровите материјали во облека за Zegna мажот, обичните силуети се обликуваат како рефлексија на времето што минало.
Лен, свила, волна и многу други материјали формираат флуидна гардероба. Преголеми јакни, лежерни плетени парчиња и ролки, се придружуваат на опуштените панталони. Во меѓувреме, Сартори сподели пригушена палета на бои, користејќи сè, од тонови на тули и речни камени, до зелена и розова боја.