Денес, класичниот стил претрпува трансформација.
Класиката на новата деценија се карактеризира со прецизни линии, игри со скулптурални силуети и неколку слоеви.
Палетата на бои останува непроменета: бела, црна, разни нијанси на сива, земјени бои, кафена, карамела и чоколадо – вистински, за оние кои бараат балансиран изглед.
Сепак, овие класични бои се надополнети со похрабри нијанси, како што се пастелна нане нијанса и фстак зелена, сина, па дури и светло розова.
Но, ако има нешто што никогаш не се менува, а е суштинскиот елемент на класичниот стил, тоа е помалку строг крој на облеката.
Во сезоната која е пред нас, обидете се да внесете модерност преку додатоци, како што се шарени и забавни торби, но секогаш изберете геометриски форми; златни обетки и ѓердани за да го дополните изгледот; на нозете можете да носите скоро се, од чизми, сандали, па дури и чевли во две бои.
Во нашата галерија има 20 инспиративни предлози за постигнување на стилски изглед – како што диктира новата сезона.