Најимпресивно парче е торбата Монограм во форма на срце …
И додека дизајнерот на машката гардероба на познатата модна куќа, Вирџил Абло, скоро претстави увид во неговата претстојна колекција – пролет 2021 година, директорот за женска мода, Николас Гескијер, сега се враќа на сцената заради обожаваната Cruise 2021 сезона.
Наречена Game On, најновата колекција додава монограм цветови и четири шпила со карти на своите стејтмент аксесоари.
Разнилична палета на бои може да се види во колекцијата, вклучително и пар црвено-црно-бели панталони, кои се носат во комбинација со беж тренч мантил, додека совршен додаток е шарена торба Монограм. Дезенот на торбата е украсен со карти за играње, вклучувајќи црвени срца.
Слични мотиви може да се видат на бројните модни додатоци, што е особено потенцирано на торбата во форма на карти. Динамичнен избор на обувки, чизми, салонки за дневна облека и патики Archligt.