Во неутрални тонови и изработени од природни материјали, еспадрилите се дефиниција на летни обувки.
Тие станаа популарни кон крајот на четириесеттите години, а потоа холивудските sвезди како Рита Хајворт и Грејс Кели ги направија популарни. Имаат безвременска привлечност и со години се омилени обувки за топло и суво летно време.
Тие дозволуваат кожата да „дише“, удобни се и лесни, а модните дизајнери презентираат нови модели секоја сезона што ги освојуваат нашите срца.