Ако не можеме без нешто во текот на летото – тоа се сандалите.
Во море на трендови, оваа сезона, се издвојуваат сандали со ремени.
Ниските пети можеби се распространети на модната сцена во последно време, но сандалите со вртоглави штикли се вратени – а ова лето ги надополнуваат тенки ремени. Ова лето, правилото е – колку повеќе ремени, толку подобро.
Дизајнерите сугерираат најразлични модели, но срцата на трендсетерките ги освоија сандалите со тенки ремени и „Моцарт“ потпетици кои лесно можат да се комбинираат со обични и елегантни парчиња облека.
Нивниот избор е сандали во неутрални нијанси кои лесно стануваат составен дел од летниот стајлинг.
Избравме најсовремени модели за вас!