Освежителен летен десерт …
Вкусен сладолед е легален начин да уживате во омилениот десерт без да жалите за калориите што ги јадете, а во исто време ви овозможува да се освежите и да се расположите.
Викторија Лунд, готвачка во Brenners Park-Hotel & SPA, споделува едноставен рецепт за домашен сладолед со само три состојки.
Состојки (за 6 порции):
Меко сирење или густ јогурт – 250 гр
Мед – 4 лажици
Шлаг – 400 г.
1 лимета
Начин на подготовка:
1. Измешајте го мекото сирење или јогуртот со медот и сок од една лимета. Додадете го шлагот и измешајте нежно.
2. Ставете ја добиената мешавина во замрзнувачот, периодично мешајќи.
3. Готовиот сладолед украсете го со рендана кора од лимета, бобинки или ореви по желба.