Претходно, пишувавме за поло маиците кои добиваат на популарност и ова лето. Денес ќе зборуваме за уште еден заживеан тренд, поло фустани.
Карактеристичните поло маици се појавија на крајот на 19 век за привилегирани мажи и беа составен дел на спортски униформи за играње тенис и јавање коњи. Рене Лакост, францускиот седумкратен шампион во Гренд Слем, кој ја сметаше тениската униформа гломазна и непријатно, важи за основач на трендовски модерни поло маички.
Поло фустанот се појави кон крајот на 70-тите години, кога жените веќе можеа да си дозволат да ги покажат своите голи нозе во друштво. Тие се здобија со широка популарност благодарение на тенисерите кои се за вљубија во поло-фустаните затоа што обезбедуваат слобода на движење и удобност.
Оваа сезона, дизајнерите презентираа секаков вид опции за вакви фустани: смели со мини должина, како во колекцијата Вера Ванг, и одважен дует со обоена кожа, како на ревијата на Лакост и разигран стрип, како Алтузара, Ајсберг, Кејт Спада, Мајкл Корс и тековниот тренд на пачборк, како во колекцијата на Коче.