Секој родител сака да му го даде најдоброто на своето дете…
Како и да е, само неколку ќе можат да го сторат тоа, доколку нивното дете сака хеликоптерски кревет, со (Dragons of Walton Street) -Змејови од улицата Волтон.
Со рачна изработка во форма на хеликоптер е направен по нарачка и е прилагоден на својот пилот со уникатна контролна табла која содржи џојстик, брзинометар, часовник и радио со вграден звучник. Креветот е исто така опремен со пар USB од внатре, додека надворешноста е украсена со сино и бело осветлување.
Копчињата што се наоѓаат надвор, исто така, можат да се активираат, додека децата можат да се искачат до својот пропелер со помош на скала, каде што се наоѓа нивната работна маса.
Во суштина, ова е парче мебел им дава можност на децата да ги претворат своите фантазии и мечти во реалност.