Сепак, добра вест е дека има многу работи што можеме да направиме за да се прилагодиме на оваа ситуација. Дизајнерите и инженерите излегуваат со најразлични интересни идеи за да ја намалат можноста за трансмисијата на јавни места, покрај очигледното носење заштитни маски.
Признавајќи го фактот дека јадењето во затворен простор е примарен вектор за ширење на вирусот корона, проектот Plex’Eat создаден од Кристоф Гернигон го става секој гостин зад неговиот личен штит за хигиена. Овие висечки капи капаци создадени од плексиглас, ве опкружуваат од три страни додека седите на масата, намалувајќи го ризикот од контаминација.
Покрај индивидуалните штитови, дизајнерот излезе со идеја да создаде варијанти кои би можеле да опфатат две лица или целото семејство, што би овозможило приватни разговори, што инаку би било невозможно. Тој исто така истакна дека неговото создавање не се применува само во ресторанскиот сектор, туку може да се користи и во барови, салони за убавина, аеродроми и бројни други места.
Plex’Eat веќе е инсталиран во париски ресторан како форма на демонстрација, а францускиот бренд Ситур започна со производство на модели за едно или две лица.
Дали ова ќе стане нова визија за нашата иднина или нова нормалност што сите со задоволство го споменуваат, останува да видиме.