По неколкумесечна неизвесност, модната индустрија реши да продолжи таму каде што застана. И покрај фактот дека ревиите сè сеуште одложени, големите Chanel , предводени од Вирџинија Вијард, го претставија couture F / W 20-21 кој носи впечатлива мешавина од ексцентричноста и елеганцијата на Лагерфелд.
Овој пат, Вијард создаде интересна естетска приказна и ги поврза елементите кои на крајот формираат строга, но обемна колекција, испреплетена со внимателно избрани детали. Идејата зад презентираната колекција ја комбинира смелоста и склоноста на Лагерфелд со гламурозна акцентација на детали, обемот и еклектицизмот, кои тој многу вешто ги вклучуваше во визијата за софистицираната жена Chanel. Вијард посочува дека колекцијата има акцент на гламурозни детали и накит, од кои некои се земени од колекцијата на Chanel и го симболизира целосното спротивно од она што можевме да го видиме во колекцијата минатата година. Облеката, изработена од твид, бисерни украси, перки и сјај, јасно дава до знаење дека оваа кутрирска приказна е одда на гламурот и модата која не знае за граници, но сепак ги задржува карактеристичните визии за модниот код на оваа модна куќа.