Летото е совршено време за поставување на нови трендови.
Додека се подготвуваме за летните прошетки, потребен ни е паметен начин како да ја освежиме постојната гардероба. Реновирањето на летната гардероба не мора да биде обемно, туку само со допир на некој нов моден детаљ.
Ова лето, на голема врата, шарпите се вратија. Но, не шарпа што традиционално ја врзувате околу вратот, туку што ја врзуваме околу главата или околу опашката на косата или пунџата.
Оваа едноставна квадратна ткаенина може да ја издигне секоја облека на ново ниво, а подолу ви ги носиме нашите омилени дезени …