Пролетта и летото се сезони кога јадеме цреши – мали црвени топчиња полни здравје и супер вкус.
Сезоната на ова вкусно црвено овошје само што започна, што значи дека овој чудотворен лек сега е веднаш на дофат на вашите дланки. Црешата е всушност месест плод кој има семка и е дел од една голема фамилија на која и припаѓаат и бадемите, праските, сливите како и кајсиите. Црешите изобилуваат со витамините А, Б и Ц, фолна киселина, калциум, калиум, железо, па како што може да забележиме, списокот од корисни состојки кај црешите е навистина долг.
Има само 32 калории во 100 грама цреши, 12 грама шеќери и 2,1 грам влакна и најважно многу се здрави. Воедно помагаат да се излачи водата од нашите тела, за диета и за слабеење. Помагаат за концентрација и меморија.
Јадете ги често плодовите на пролетта. Неколку цреши дневно се доволни за вашата енергија да биде на навистина завидно ниво.