Фустаните од тантела се секогаш гаранција за елеганција и женственост: еве ги најубавите модели од летните колекции во кои ќе се вљубите на на прв поглед.
Шик, женствени и сензуални: тоа се квалитетите заради кои ги сакаме фустаните од тантела.
Фустаните од тантела можат да се носат секој ден, само треба да бидете внимателни како ги комбинирате – можат да се носат со робусни летно чизми, сандали со тенка пета или со едноставни рамни кожни сандали.
Во новите колекциите за сезоната пролет / лето 2020 година, можете да најдете најразлични фустани од оваа софистицирана ткаенина. Палетата на бои, исто така, задоволува различни вкусови: од класична бела или црна до сјајни варијанти како што се црвена, розова, жолта, сина и портокалова – совршени нијанси за лето.