Кога зборуваме за маникир, исто како што е случајот со облеката или шминката, и тој се менува во зависност од сезоните. Така, во зимските месеци ги засакавме пригушените нијанси и малку потемната боја, додека топлите денови се одличен период за весели и пастелни бои, но и неизбежната бела боја!
Белиот маникир отсекогаш бил резервиран за пролетни и летни денови, па затоа е повеќе од совршено време да ги обоите и вашите ноктите. Елеганцијата и едноставноста, но и дозата на импресивност, се доволно добра причина белиот лак за нокти да биде крајниот омилен избор, а добра вест е дека не треба да посетувате салон, туку можете да го направите овој едноставен маникир дома.