Прва асоцијација на совршен костим за капење кој го посакувате е ретро модел -бикини, но размислете за нешто друго ова лето – едноделен костим за капење.
Модата е циклична, што значи дека во одреден момент сè што се носело ќе се врати повторно во мода, било во нејзината оригинална форма, или прилагодено за периодот кој доаѓа. Едноделните костими за капење се најдоа во полиците на нај популарните high street брендови. Модели со обемни волани, богати отпечатоци, набори, но и со многу длабоки деколтеа.
Иако бикинито е вистински „ретро“ костим за капење, едноделниот костум ќе ги скрие сите несовршености, ќе изгледате многу женствено, ги потенцира задникот и градите, што секако звучи добро!
Подолу, погледнете ги најпосакувани едноделни костуми за капење за претстојното лето.