Уметникот Luckylefthand го украси бутикот на Louis Vuitton со мурал наречен „Девет бои, девет очи и девет срца“.
„Улицата ја правиме среќно место“, рече Gaston-Louis Vuitton во текот на 1920-тите. Дури и денес, во ситуација на COVID-19, има потреба за ова повеќе од кога и да било. Заради тоа, француската модна куќа го повика францускиот уметник Luckilefthand да ги украси фасадите на парискиот бутик, кој се наоѓа во близина на Pont Neuf со живописен мурал.
Уметничкото дело под наслов „Девет бои, девет очи и девет срца“ зафаќа површина од 280 м2 и се состои од 14 слики. „Го изработив овој мурал за да им понудам на Парижаните шарена прошетка и украсив 14 излози кои сега евоцираат на летен одмор додека трае периодот низ кој поминуваме“, рече уметникот.
„Рацете поставени еден и пол метар подалеку, се референца на она што во моментот го доживуваме. Се надевам дека овој светол, шарен мурал направен од големи заоблени линии ќе донесе позитивна енергија која во моментов ни е потребна“.