Необичните пети му даваат посебен шарм на вашиот летен изглед …
Прв пат култните сандали на Alexander McQueen со необична пета беа забележани на модната писта во 1998 година.
За сезоната пролет / лето 2020 година, Sara Barton реши повторно да го открие ова модно богатство на светот. Така во новата колекција се појавија сандали изработени од млечно бела кожа, а наместо дрвената пета украсена со метална плоча на задниот дел, се појави цвет на магнолија направен од пластика кој потсетува на на порцеланското уметничко дело.
Овој култен модел може да се нарача на веб-страницата на брендот.
Сандалите изгледаат навистина посебно и наједноставниот фустан ќе изгледа спектакуларно кога се комбинира со ова ремек-дело.