Според реномираниот индекс на градови со имиџ “Anholt-Ipsos City Brands Index” , се создаде листа на светски градови кои се одбираат според одредени карактеристики.
Како дел од годинешното истражување, Ипсос во јануари спроведе вкупно 5.000 интервјуа на Интернет со испитаници од десет земји. Требаше да рангираат 50 градови од целиот свет, судејќи според нивниот меѓународен статус, изгледот, удобностите, љубезноста на жителите, пулсот и потенцијалот.
Австриската престолнина оствари многу добри резултати во одделни категории, така што се најде на седмото место. Во категоријата која ги зема предвид факторите како што се пријатната клима, чистотата, убавината на зградите и сценографијата, градот Виена го зазеде првото место. Покрај тоа, неговата понуда за училишта, болници и јавен превоз беше многу пофалена, а граѓаните на Виена се сметаат за пријателски и пристапни.
Второто место му припадна на Сиднеј, додека третото место на Париз. Њујорк се најде на четвртото место додека пак Рим на петтото, потоа следат Амстердам, Виена, Мелбурни Сан Франциско.