Денес продолжуваме со најголемата туристичка атракција во нашата земја |
Веруваме дека сите веќе сте биле во Охрид, некои на подолг престој, а некои на викенд, но во секој случај одлучивме овој е-маил да го посветиме на овој наш прекрасен град и да ве потсетиме на неговите убавини или да ве инспирираме следниот пат да направите нешто ново таму, што можеби не сте успеале да го сторите до сега… |
По што вие го препознавате Охрид? |
Охрид е познат по браќата Cв.Климент и Наум, по најпознатата населба Варош и варошани, по охридската пастрмка и највкусното охридско макало, по песните “Билјана платно белеше” и “Лихнида кајче веслаше”, охридските бисери и многу многу други убави нешта. Многумина го нарекуваат “Балканскиот Ерусалим” поради големиот број на цркви и манастири во градот. Легендата вели дека ги имало 365, по еден за секој ден во годината. |
|
Тврдината на Цар Самоил |
|
Како што наближувате кон градот неизбежно е а да не ја забележите глетката кон ридот на кој се издига Самоиловата тврдина. Зад нејзините ѕидини порано живеел народот на овој исконски град. Тврдината била користена и во римскиот и во византискиот период и подоцна во Самоиловото време била значително проширена. Денес од неа се сочувани 18 кули и 4 порти и таа претставува еден од заштитните знаци на Охрид. |
Волшебниот Св. Јован Канео |
|
Симболот на Охрид е мистичниот манастир Св. Јован Канео. Ако не сте биле во Канео е исто како да не сте го посетиле Охрид. Глетката е прекрасен спој на природа со стара, впечатлива архитектура и сето тоа обиколено со синилото на езерото и небото. Секое камче на има своја историја, па доколку не сте биле до сега посетете го ова место летово и дознајте ги тајните и раскажувањата од тамошните монаси. |
Археолошкиот локалитет Плаошник |
|
Во срцето на древниот Охрид, откако ќе се искачите по тесните и калдрмести улички, меѓу Самоиловата тврдина и Св. Јован Канео, пристигнувате на Плаошник. Прекрасна локација од каде езерото се гледа како на дланка. За Плаошник се вели дека е едно од најсветите места во Македонија. Во 2002 година била пронајдена монументална и богато декорирана ранохристијанска крстилница, каква досега не е најдена во нашата земја. Денес црквата го носи името Св. Климент и Пантелејмон. |
Населбата на старите занаетчии, сликари и вајари |
|
Варош се наоѓа во стариот дел на Охрид и е позната по прекрасните стари куќи и старите занаетчии кои од кои може и да си испазарите некој сувенир или предмет кој ќе ви користи. Тука ќе наидете и на охридските сликари и вајари, ќе најдете вистински охридски бисери и филигран изработен со најквалитетното сребро. |
Летните ноќи во амфитеатарот |
|
Во јазикот и духот на антиката зборува и охридскиот амфитеатар. Се смета дека е изграден во 3 век п.н.е. Се надеваме дека и ова лето ќе имаме можност да го споделиме чувството со публиката која седела таму пред илјадници години и да проследиме некоја театарска претствата или концерт. |
Рибарско село Пештани |
|
Рибарското село Пештани е лоцирано на подножјето на планината Галичица во мала клисура, 12км од Охрид. Пештани е развиен и модерен туристички центар со убави ресторани, кафе барови, продавници и хотели. |
Преубавата Трпејца |
|
Ова рибарско село кое го споредуваат со францускиот Сен Тропе е оддалечено на 13км. од центарот на Охрид. Тука ќе доживеете одмор во вистинска смисла на зборот, ќе уживате во езеро со кристално чиста вода, ќе избегнете досадни плажи со лежалки и чадори… Може да изнајмите вила која се наоѓа на самата плажа и да уживате во глетката кон езерото. |
Епскиот Св. Наум |
|
На околу 30км. од Охрид, во непосредна близина на македонско-албанската граница на висока карпа над езерото, во националниот парк Галичица се наоѓа црквата и истоимениот манастир Свети Наум, Подрачјето на кое се наоѓа манастирот е едно од најубавите на Охридското Езеро. Иако до него води афалтен пат, доколку сте во можност до таму допловете со брод бидејќи на тој начин доживувањето е навистина посебно. Пловидбата започнува на пристаништето во Охрид и трае цели 2 часа по совршено сино езеро. |
А од храната издвојуваме ѓомлезе и макало со лук! |
|
|
![]() |
Ви посакуваме пријатна седмица!
Содржината е превземена од PUBLIC ROOM SKOPJE. |