Летото е најдоброто време за да се за вљубите во фустани инспирирани од боемската естетика.
Овој стил, исполнет со дух на слобода и леснотија е персонификација на хипи-културата, што е особено значајно во новата сезона.
Романтични фустани со многу украси и набори, комбинации на разни парчиња на ткаенини во стилот на пачворк, цветни пупки, проsирна свила, фолклорни обрасци и реси, се се тоа главни карактеристики на бохо-шик стилот кој дизајнерите го користеа во своите колекции.
Лежерни и секојдневни фустани со елементи од номадски стил, би требало ова лето да се најдат во гардероберот на секоја модерна жена.