Уште откако се претстави пионерскиот концепт на „taglia comoda“ (во слободен превод „плус-големина“ и буквално „удобна големина“) пред публиката во осумдесеттите години на минатиот век, италијанскиот моден бренд Марина Риналди се етаблира како водечко име во делот на женската облека – plus-size.
Потикнат со добро познатото италијанско чувство за стил, брендот Марина Риналди отсекогаш го красеа непретенциозни кроеви кои ја комплиментираат женската линија, највисоки квалитетни материјали, смели обрасци и живописни бои, како и дизајн кој никогаш не бил наменет да ја прикрие силуетата, туку да ја слави вистинската женска убавина, автентичност и слобода на избор.
Славејќи го позититивниот став кон телото и промовирајќи ја модата која ги игнорира границите утврдени со големината на облеката, Марина Риналди ги освои срцата на многубројни фанови ширум светот, нагласувајќи ја убавината на женските силуети, следејќи ги и последните трендови.
Марина Риналди не ја заборави својата мисија дури и со најновата колекција пролет / лето 2020 година, која е дизајнирана, на крајот на краиштата, да повика на некои поубави времиња во весели нијанси, лежерни материјали и опуштени кроеви.