Dolce&Gabbana, големата италијанска модна индустрија, најавува убаво, долго и топло лето.
Најплатената светска телевизиска актерка во 2019 година, Софија Вергара, блеска на модните фотографии на Dolce&Gabbana, кои воодушевуваат со сценографијата, убавините на Медитеранот, разиграните цветни дезени и – пред сè – чантите кои го прават секој стајлинг незаборавен.