Доколку сакате да внесете малку живот на вашата кожа и да ја освежите без да потрошите дополнителни пари, погледнете ги овие 2 рецепти, маски за лице – кои ја хранат и негуваат вашата кожа.
Маска од банана
Оваа маска за лице ќе и даде на вашата кожа здрав, природен сјај, а истовремено е доволно нежна за сите типови на кожа.
Згмечете половина од бананата во сад.
Измешајте со лажица сок од портокал и лажица мед.
Нанесете ја маската на лицето и оставете ја смесата да работи 15 минути.
Исплакнете со млака вода, а потоа нанесете крем за лице.
Маска од какао
Постојат три состојки во оваа вкусна, целосно хранлива маска за лице кои прават чуда за вашето лице. Авокадо, какао и мед. Имено, авокадото делува исклучително навлажнувачки, какаото е одличен смирувачки антиоксиданс за кожата, а медот има антибактериски и антивоспалителни својства.
Згмечете една четвртина од авокадото во мала чинија.
Промешајте една лажица какао во прав и една лажица мед се додека не се добие компактна смеса.
Нанесете ја маската на чиста и сува кожа и оставете ја да отстои 10 минути.
Исплакнете со топла вода, а потоа нанесете ја вообичаената хидрантна крема.