Чувство на затегнатост, пецкање, пукање на кожата…
Ова најдобро ја опишува моменталната состојба на нашите раце,поради прекумерното миење на рацете и одржување на почеста хигена заради корона вирусот. Сепак и за тоа имаме трик!
Штом ќе излезете од када или туш, навлажнете ги рацете со вашиот стандарден крем што е можно поскоро, бидејќи тоа ќе ви помогне да ја задржите влажноста што ви е потребна на кожата. Одличен трик е всушност маската за раце, односно нанесете подебел слој од вашиот стандарден крем и ставете мали пластични ракавици. Идеални се оние ракавици кои доаѓаат со бојата за коса. Оставете ја оваа маска на половина час и отстранете го вишокот со шамиче или пешкир.
Наместо вообичаен крем, можете да си направите и домашна нега со намирници од вашата кујна. Кога рацете ви се уште влажни, нанесете мешавина од една лажица мед и маслиново масло и повторете ја целата постапка со пластичните ракавици.