Во време кога на светот му се заканува опасен вирус и кога започнува пролетта, исклучително е важно задраво да го храниме својо организам.
Сите ние сме свесни дека вежбањето и правилната исхрана се важни за силен имунитет и тие го стимулираат нашиот имунолошки систем да се бори против бактериите, вирусите и другите штетни агенси кои директно или индиректно ги внесуваме во нашето тело.
Витаминска бомба е еден сигурен начин да внесете основни хранливи материи, есенцијални витамини и минерали од природни извори во вашето тело.
Подолу е рецептот за детокс бомба што ќе ви помогне да го исчистите вашето тело од токсини.
Состојки за две лица:
Млад спанаќ
Една банана
Едно излупено зелено јаболко
Половина од зрело авокадо
Сок од еден портокал
Сурови бадеми или индиски ореви (2 лажици)
Подготовка:
Ставете ги сите состојки во блендер и добро измешајте додека не се формира мазна течност.
Пијте веднаш по подготовката, бидејќи витамините од третираното овошје, според експертите, ја губат својата хранлива вредност секоја минута.
Бидете сигурни дека се исплати да го пиете овој пијалок секој ден, а може да ви послужи наместо оброк или како закуска.