Обичниот стар сапун и вода апсолутно го уништуваат коронавирусот, па најдобриот начин за спречување на ширење на коронавирусот е миење на рацете, а подолу ќе објасниме зошто.
Како сапунот го убива коронавирусот
Обичен сапун, сапун од коприва, рачно изработен сапун, кој било сапун – апсолутно ги уништува вирусите. Тоа има врска со тоа како молекулите на сапун реагираат на вирусот.
Сапунот се состои од двострани молекули. Едната страна ја привлекува водата, а другата страна ги привлекува маснотиите. Вирусите се состојат од материјал опкружен со слоеви на протеини и маснотии.
Кога вирусите доаѓаат во контакт со сапун, молекулите на сапун ги раскинуваат тие слоеви на маснотии. Сапун буквално ги уништува вирусите.
Се разбира, потребно е време за да се случи овој ефект – 20 секунди, затоа имајте го предвид тоа кога миете раце.