Во ред, седиме дома во изолација. Но, тоа не е оправдување за цели денови да ги поминуваме во пижами.
Знаеме дека изолацијата е тешка, препораките се да останете дома и да излезете само доколку е строго неопходно. Но, бидете внимателни: ова не е изговор во својот дом да бидете по цел ден само во тренерки или пижами! Напротив, убавото облекување исто така служи да не паднете во „стапица“ на депресијата. Ние не ви велиме да носите вечерни фустани или високи потпетици, туку да одберете удобни облека што ќе ве натера да се чувствувате добро, но и да изгледате полни со самодоверба.
Затоа што, честопати, облечени само во убава кошула, панталони или едноставни обетки што особено ни се допаѓаат ни помага да се справиме со тешкиот ден. Посебно важи за тие кои работат од дома – Не сакате да ве видат како носите големи маици за време на видео конференција со вашиот шеф или колегите?
Седете дома и чувствувајте се пријатно, убаво и негувано!