Хигиената е првата линија во одбрана против заразата со вирусот и неговото ширење.
Сепак, луѓето кои имаат сува кожа или одредени состојби на кожата, со често миење на рацете можат дополнително да ја оштетат кожата.
Дури и луѓето кои имаат здрава кожа можат да претераат со хигиената, доколку користат силни алкохолни средства за дезинфекција.
Имено, честата употреба на средства за дезинфекција на рацете и миење на рацете може да го оштети горниот слој на кожата, со што ќе ја одземе единствената бариера што ја штити кожата од инфекција.
Силните сапуни дополнително го влошуваат дерматитисот и предизвикуваат црвенило и лупење, особено во пределот помеѓу прстите.
Исклучително е важно да ги исушите рацете темелно со чиста, суво крпа бидејќи вирусите полесно се размножуваат на влажни површини, а влагата дополнително ја суши кожата и ги отстранува природните масла што се исклучително важна заштита.
Понатаму, за да се избегнат лошите ефекти од прекумерната хигиена на рацете, се препорачува да се користи крем за раце после секое миење.
Во време кога пандемијата на коронавирусот во светот е закана, запомнете да одржувате хигиена за да ја избегнете можноста од инфекција, но не претерувајте!