Чоколадото го подобрува расположението и помага во борбата против депресијата
Во време кога поголемиот дел од времето го поминуваме дома, важно е да се одржи доброто расположение и да се спречат негативни мисли и депресија.
Ако се борите со промени во расположението, темното чоколадо е добар избор за ужинка бидејќи содржи психоактивна состојка која создава иста сензација како и употреба на канабис. Тоа е фенилетиламин, невромодулатор кој помага во регулирање на расположението.
Во студијата спроведена од експерти на Универзитетот во Лондон, спроведена на 13.626 лица, оние кои јаделе само 15 грама темно чоколадо, имале 70 проценти помалку симптоми на депресија. Покрај тоа, својствата на темното чоколадо слично на канабиноидите создаваат сличен вкус, тврдат од Универзитетот во Лондон.
Сложените флавоноидни комбинации во темното чоколадо можат да помогнат во борбата против депресијата. Поточно, авторот на студијата, д-р Сара Џексон пишува дека студијата дава доказ дека консумирање на чоколадо, особено темно, може да ги намали симптомите на депресија.
„Депресијата може да предизвика губење на интересот за консумирање чоколадо кај луѓето и може да постојат и други фактори кои предизвикуваат луѓето помалку да јадат темно чоколадо“, додава др.Џексон.
Сепак, забележуваат експертите, чоколадото не треба да биде преценето, бидејќи може да ја оштети вашата линија. Јадете сè во нормални количини, а чоколадото треба да биде лек за наградување по здравиот оброк.