И врапчињата на гранките знаат дека белата кошула е основа на женската гардероба.
Сепак, оваа пролет се обложуваме на сите нијанси на сината боја.
Сината кошула е модна класика, која повторно се врати во нашата гардероба. Таа е сестрана како и белата и се комбинира подеднакво добро со сите парчиња облека.
Можете да изберете светло сина кошула, како и модели во потемни нијанси или со линии, точки … што и да одберете нема да погрешите. Одлучете се за големи модели или позајмете кошула од плакарот на вашето момче или татко. Моделите од памучниот пуплин со струкиран крој ќе дадат андроген изглед.
Светло-сините кошули ќе изгледаат убаво во комбинација со црни или сиви панталони, како и елегантни палта во камел боја.