Пејачката Селин Дион ја обожуваме од повеќе причини.
Ја обожуваме заради нејзиниот извонреден глас, нејзините фантастични изведби на најромантични песни, игрите со модниот стил, заради кои sвездата се трансформира до непрепознатливост …
Веќе ја видовме во преголемо крзнено палто и високи потпетици, потоа во модел на Баленсијага, извонреден цветен костум, а нејзиниот вчерашен стил потсетува на жена која тргнала на лов.
Пејачката се појави во наметка – фустан во кафена боја со кариран принт, карактеристичен за облеката на британските аристократи.
Таа го надополни својот стајлинг со капа и пердуви од фазан и високи кожни чизми. Доколку сакате да го репродуцирате стајлингот на Селин Дион, побарајте ги сите горенаведени елементи во колекцијата на брендот Мајкл Корс.