Светски познатиот патнички портал Trip Advisor по избор на Travellers’ Choice за одредени дестинации секоја година, во зависност од прегледите, оценките и коментарите што ги добија од посетителите претходната година доделува признание
за најубава плажа во Европа за 2020 година, а се наоѓа во Сицилија!
Плажата наречена Spiaggia dei Conigli, позната и како Rabbit beach, се наоѓа на островот Лампедуза, која инаку се смета за едно од најубавите места во цела Италија.
Убавите сини нијанси на морската вода и долгата песочна патека неодоливо потсетуваат на убавините на Карипското Море и Сејшели, така да оваа плажа заслужено победи во оваа категоријата.
По Spiaggia dei Conigli следат Kleftiko на грчкиот остров Milos, плажата Luskentyre во Велика Британија и Playa de Ses Illetes и La Concha во Шпанија.