Една од нај ангажираните модели на денешнината, Бела Хадид (23) уште еднаш докажа дека е вистински камелеон на модната писта.
Речиси непрепознатлива, таа се појави во дизајнерската модна ревија на „Хајдер Акерман“ за време на модната недела во Париз.
Целокупната црна комбинација беше ставена во контекст на класичните филмови за чудовишта, а со нејзиниот изглед Бела ја евоцираше Винона Рајдер во култната хорор-комедија “Beetlejuice”.
А на ревијата на Вивиен Вествуд, таа прво прошета на пистата со ѓердан од лук за да ја заврши модната ревија во венчаница од проsирна тантела, откривајќи ги градите. Со таквиот изглед, малкумина го забележаа необичниот реквизит , а тоа е ременот со голем нож околу половината.