За некои, секси, за други спиритуална, виолетовата е основа на пролетната палета на бои, а најатрактивна е кога се носи од глава до пети.
Виолетовата во сите нијанси му дава на секој стајлинг доза на моќна елеганција …
Во комбинација со белата боја изгледа отмено, со сини и окер тонови елегантно, со зелена изгледа екстравагантно, а со злато и сребро гламурозно.